Шестмина туристи се криеле 25 дена во пештера во Индија

Шестмина странски државјани поминале 25 дена во пештера во близина на реката Ганг во Индија бидејќи останале без пари и морале да се одјават од хотелот кога земјата вовела блокада поради коронавирусот.

Сите шестмина туристи, кои се пронајдени во пештера во северната индиска држава Утараканд, се ставени во карантин по прегледот, иако не покажуваат никакви симптоми на новата болест, пренесува „Индипендент“.

Групата вклучува четворица мажи и две жени од Франција, Турција, Украина, Непал и САД. Полицијата ги пронашла откако добила известување дека неколкумина странци живеат во пештерата.

Тие живееле во пештерата од 24 март се додека не биле пронајдени од полицијата и ставени во карантин.

Тие купувале храна од околните пазари и подготвувале јадења користејќи дрвени даски за огин во пештерата.

Владата им забрани на домашните и странските туристи да влезат во Утараканд на 20 март, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави