Велешанката пронајдена мртва во својот стан починала во март, во „Шутка“ нема позитивни на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека Институтот за судска медицина утврдил кога починале велешанката, позитивна на Ковид 19 и нејзиниот син, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Велес, а за кои се шпекулираше дека починале во јануари, пред појавата на заразата со коронавирусот.

-Смртта кај починатите настапила во текот на март, три до пет недели од денот кога биле пронајдени починати. Нема некој посебен интерес да се прават дополнителни истражувања. Продолжува да се истражува што и како починале, што не е во наш домен Готови се резултатите од тестирањата во заатворот „Шутка“ -педесеттина и сите се негативни, рече Филипче.

Министерот истакна дека е завршен увидот во маркетот во Велес.

-Петнаесет вработени ќе добијат решенија за самоизолација. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на маркетот. Ако со остатокот вработени може да продолжи функционирањето на маркетот, тогаш можат да продолжат со работа, вели Филипче.

Треба да знаете
Последни објави