ЕП бара итен фонд за помош на медиумите по кризата со Ковид-19

Одборот за култура и образование на Европскиот парламент ја истакна потребата да се поддржат медиумите за да ги надминат последиците од кризата со Ковид-19. Претставници на Европскиот парламент наведуваат дека за време на пандемијата, медиумите и новинарскиот сектор се клучни за навремена и точна информација за јавноста, но исто така се соочуваат со големи загуби, првенствено поради падот на продажбата на рекламниот простор за дури 80 проценти.

– Тие се нашата одбрана од лажните вести и дезинформации. Во исто време, тие се сериозно погодени од падот на приходите од реклами и од фактот дека нивната иднина е неизвесна, предупредуваат европратениците.

Членовите на Одборот за култура и образование побараа од Европската комисија да обезбеди средства од фондовите наменети за обнова на економијата по пандемијата, за медиумите, како и за културните институции, уметниците и добротворните организации.

Треба да знаете
Последни објави