Кина и одговори на Меркел: Бевме транспарентни за „Ковид-19“

Кина соопшти дека дејствувала транспарентно во борбата против коронавирусот, одговарајќи на барањето на германската канцеларка Ангела Меркел за Пекинг да ги расветли околностите на појавата на пандемијата.

„Кина секогаш на отворен, транспарентен и одговорен начин се залагала за јакнење на меѓународната соработка во областа на епидемиологијата“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Откако Пекинг беше засипан со обвинувања дека ја минимизира епидемијата во земјата, Меркел вчера ја повика кинеската влада да биде што е можно потранспарентна за појавата на новиот коронавирус САРС-Цов-2.

„Колку е потранспарентна Кина за потеклото на вирусот, толку подобро ќе биде за сите во светот да учат од тоа“, рече Меркел, приклучувајќи се на земјите, како Франција и САД, кои бараат Кина да ја открие целата вистина за појавата на пандемијата на коронавирус.

Портпаролот Генг рече дека неговата земја и Германија интензивно комуницираат за да ја стават под контрола пандемијата. На прашањето за потеклото на вирусот, кој ги покоси првите познати жртви на крајот на декември во Вухан, тој кратко одговори дека тоа е во доменот на научниците.

Треба да знаете
Последни објави