На Одделот за педијатрија на Детската клиника во Скопје нема нови позитивни случаи на коронавирус, а досега се заразени освен лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
-Претпоставен контакт е мајка на дете кое требало да прими терапија на хематологија. Мајката е во домашни услови без симптоми, додека на Клиниката е спроведена дезинфекција и чистење. Направени се анкети и во врска со контактите, сите тестови се негативни, а работата на Клиниката е организирана во тимови, при што сите одделенија работат нормално. И во домот за гериратрија во Ѓорче Петров сите брисеви се негативни. Лабораторијата во МАНУ почнува со работа денеска со капацитет од 100 тесотови наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт ќе стигнат од сите болници во државата, рече министерот.