ОБСЕ: Улогата на парламентите од пресудна важност во време на криза

Силната улога на парламентите е од пресудна важност за транспарентност и одговорност на владините мерки, бидејќи пандемијата на Ковид-19 ги става на тест нашите демократии, соопшти денеска Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДХР) и Парламентарни собранија (ПА) на ОБСЕ.

Улогата на парламентите во формулирање на новото законодавство за ублажување на ефектите од пандемијата на Ковид-19 како и надгледување на вонредните мерки, кои ги воведоа владите, ја прават нивната работа повитална од кога било, рекол директорот на ОДХР, Индибјорг Солрун Гисладотир, соопшти ОБСЕ.

Треба да знаете
Последни објави