Општина Бутел минатата година во детската градинка Ташко Караџа – Радишани, комплетно реновираше дел од детската градинка за опремување на сензорна соба.
Во завршна фаза е опремувањето на собата со реквизити, кои изнесуваат 1.300.000 денари средства одвоени од буџетот на Општина Бутел и Град Скопје. Реквизитите во собата се за сензорна интеграција на децата со лесна до средна попреченост во психолишкиот развој. Сензорната соба се изработува по европски стандарди и се состои од аудио и визуелни справи.