Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Додека коси пандемија на коронавирус и граѓаните не смеат да излезат од своите домови заради полицискиот час, притвореници излегуваат од притвор затоа што власта така сака.
Во саботата, за време на најдолгиот полициски час во земјава Рускоска го пушти на слобода Зоран Милески – Кичеец, за кој цела јавност виде како носи торба со изрекетирани 1.5 милиони евра, заедно ао Боки 13. Додека граѓаните гледаат да го спасат сопственото здравје, Заев и Спасовски го спасуваат Кичеец.
Случајот со милионски рекет, зад кој повеќе од јасно е дека се крие некој од врхушката на власта застана кај Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева. Зоран Заев, кој беше директно посочуван дека знаел за случајот остана не допрен.
Дали зад ова ослободување на Кичеец се крие лично Зоран Заев!? Дали некој од врвот на власта се одолжува за примерниот однос на обвинетите!?
И дали Рускоска по диктат на Заев го ослободи Кичеец!?
Додека граѓани лежат во затвор за украдени ќебапчиња, луѓе кои цела јавност ги виде како изнесуваат торба со 1.5 милиони евра изрекетирани пари, се пуштаат на слобода. Сите инволвирани во криминалите на власта треба да знаат дека прекршувањата на закон за време на вонредна состојба се исто така кривично дело, за кое еден ден ќе треба да се одговара. Сите прекршувања на законот, заобиколување на процедурите и поигрување со правдата ќе бидат санкционирани.