Чиле има намера да стане првата земја што ќе издaва пасош за луѓето кои се стекнале со имунитет по закрепнувањето од коронавирусот, а благодарение на овој важен документ, за нив ќе нема ограничувања на движењето.
Ваквиот специјален пасош ќе овозможи сите кои закрепнале од вирусот или се тестирани за присуство на антитела, да се вратат на работа и да ѝ помогнат на земјата економски да закрепне, пренесува „Вашингтон пост“.
Паула Даза, портпарол на чилеанското Министерство за здравство, рече дека повеќе од 4.600 луѓе веќе имаат право на тој специјален пасош.
„Токму овие луѓе можат најмногу да ѝ помогнат на заедницата, затоа што тие не претставуваат ризик“, рече министерот за здравство најавувајќи го документот.
Сепак, има и такви кои потсетуваат на фактот дека во Јужна Кореја се пријавени 141 случај на лица кои повторно заболеле од Ковид-19.
И покрај овој факт, Чилеанците можат да поднесат апликација за пасош и да бидат тестирани за антитела и доколку не покажат симптоми на болеста, властите ќе им го доделат овој посебен документ.