Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својот профил на Фејсбук информира дека предложил до Владата намалување на полицискиот час, кој најверојатно ќе почнува од 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
Освен ова вели, побарал и преиспитување на одлуките со кои се забранува движење во планини и шуми.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/151484213045048
„Имајќи ги предвид статистичките податоци кои се однесуваат на лицата кај кои е утврдено присуство на корона вирусот кои имаат надолна тенденција и фактот дека зад нас е ограничување на движење кое траеше цели 85 часа и кое покрај превентивна здравствена улога, имаше негативно влијание на психосоцијалната состојба кај граѓаните ја информирам јавноста дека утрово на седницата на кризниот штаб во рамките на владата предложив итно и неодложно намалување на времетраењето на ограничувањето на движењето за граѓаните“