Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави денеска дека во случај на израелска анексија на територии на Западниот Брег, неговата администрација ќе ги смета за неважечки договорите со САД и еврејската држава.
– Ги известивме релевантните меѓународни фактори, вклучително и САД и Израел, дека нема да стоиме со скрстени раце ако Израел прогласи анексија на кој било дел од нашата територија, предупреди Абас.