Ако не се доиграат првенствата УЕФА во новата клупска сезона ќе прима екипи според рејтингот

Унијата на европската фудбалска асоцијација (УЕФА) повеќе не им се заканува на националните федерации дека мората да ги завршата домашните првенства бидејќи нема да им ги вклучи екипите во новата мешуанродна клупска сезона. Челниците на УЕФА најдоа нова шема да ги стимулираат националните федерации да бараат решение за доигрување на првенствата. Од државите каде нема тоа да биде направено на меѓународната клупска сцена ќе бидат вклучени тимови според рејтингот кој го имаат во УЕФА. За да не се случи ваков расплет клубовите ќе вршата притисок кај домашните федерации да се доиграат првенствата за кои како рок е одреден 3 август.

Ако ФФМ не најде решение да ја доигра сезоната тогаш Шкендија која се уште е актуелен првак бидејќи има највисок коефициент би учествувала во квалификациите за Лигата на шампионите. Шкендија се наоѓа на 150.место на ранкингот на УЕФА со коефициент (7.250) и е најдоброрангирана од македонските клубови. Овој коефициент е одреден според резултатите постигнати во последните пет години на европската сцена.

Најтрофејниот макеоднски тим Вардар кој е убедливо прв во првенството со ваков расплет не само што ќе остане без нова шампионска титула туку ќе треба да се задоволи со играње квалификации на Лига Европа, заедно со градскиот Работнички, кој иако се бори за опстанок на домашната сцена има рејтинг на меѓуанродната, а ќе се офајди и Шкупи.

Вардар со  коефициент 5.000 се наоѓа на 227.место на рејтинг-листата, на 311.позиција е Работнички со коефициент (3.250), а Шкупи е рангиран како 344. клуб со коефициент (2.000).

 

Треба да знаете
Последни објави