Американските стручњаци со процени дека следува уште потежок зимски бран на коронавирусот

Американски експерти проценуваат дека до август бројот на починати во САД ќе се искачи на 66.000, 10 проценти повеќе од претходнте предвидувања, а директорот на Американскиот центар за превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди за нов зимски бран на епидемијата на коронавирусот оценувајќи дека ќе биде уште потежок од овој во кој сега поминуваме.

До промената дојде кога државите почнаа да ги ажурираат податоците за починатите додавајќи ги и оние во старските домови, кои починале, а биле позитивни, рече директорот на здравствениот институт на Универзитетот „Вашингтон“, Крис Мареј.

„Ако луѓето почнат да се вратат во нормална социјална интеракција, ризикот од пренесување ќе се зголеми и тогаш ќе се вратиме на еден вид експоненцијален раст, кој се случи пред да биде воведена социјалната дистанца“, предупреди Мареј.

Директорот на Американскиот центар за превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди за нов бран на коорнавирусот во зима.

„Има добри шанси новиот бран на вирусот да биде многу потежок во зима, кога ќе има епидемија и на грип и на коорнавирус“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави