Брук Шилдс и ќерката ја синхронизираат Mamma Mia во бањарки

Нејзиниот глас сме имале можност да го слушнеме во повеќе продукции на Бродвеј и Лос Анџелес.

Брук Шилдс во неделата пеењето им го остави на други во симпатично видео што го снимаше со својата 16-годишна ќерка Роуан.

Брук (54), американска актерка и модел, со својата ќерка го синхронизираат мјузиклот Mamma Mia! Here We Go Again („Мама миа еве сме повторно„) и изгледаат како штотуку излезени од бања.

Двете на себе имаат бели бањарки и розови крпи завиткани околу коса додека пијат розов сок.

 

Тие синхронизираат стихови на песната Angel Eyes од второто продолжение на филмот, при што Роуан го емитира ликот на Џули Волтерс а Брук е Кристина Барански од Good Fight.

Брук Шилдс многумина ја паметат по улогата во филмот „Сина лагуна“ од 1980-та година. Холивудската ѕвезда денес има 54 години и изгледа прекрасно.

Треба да знаете
Последни објави