Вилис е во изолација со Мур поради несреќен случај

Ќерката на глумецот Брус Вилис објасни зошто тој е во изолација со мајка ѝ Деми Мур, наместо со сегашната негова сопруга, и колешка – Ема Хеминг.

Вилис е во изолација во куќата на Деми, заедно со нивните ќерки. Скаут преку видеопорака им одговори на фановите – зошто Хеминг не е со нив?

– Мојата маќеа (Хеминг) требаше да дојде заедно со моите сестрички. Но, на сестра ми никој не ѝ кажал да не се зае**ва со шприцеви… Така, таа во паркот нашла игла и се обидела да ја зарие во чевелот, па се боцнала во стапалото. Поради тоа и маќеата мораше да остане во Лос Анџелес, додека девојчето е в болница, објасни Скаут.

Брус Вилис и Ема Хеминг се во брак од 2009 година. Имаат две ќерки: Мејбл Реј (осум) и Евелин Пен (шест).

Ѕвездата од акционите филмови беше во брак со Деми Мур од 1988 до 1998 година, но и по разводот останаа во пријателски однос.

Треба да знаете
Последни објави