ВМРО-ДПМНЕ: Бараме да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за се што е потребно

Пандемијата коси, а здравствените рботници се најзаслужни што таа не излезе од контрола и тие со својата жртва нудат сигурност и спокој кај грѓаните.

Во време кога на здравствените работници им е потребна поддршка, како морална така и од аспект на заштитна опрема, владата крева раменици и замижува пред она што се случува.

Голем дел од здравствените институции и здравствени работници се без неопходната заштита.

Загрижувачки е фактот што над 17% од вкупно заразените со коронавирус во Република Македонија се доктори и медицински персонал и сите оние кои што секојдневно се на првата линија. Тоа е недозволиво.

Честа појава е здравствените работници да се снабдуваат самите со се што им е потребно за работа.

Владата и министерот за здравство Филипче треба да дадат одговор зошто е дозволена ваквата ситуација и до кога ќе расте бројот на заразени здравствени работници? Дали оние кои секојдневно се во отворена борба со коронавирусот заслужуваат ваков третман?

Бараме да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за се што е потребно. Да се направи централизирана набавка на целокупниот потребен материјал кој е неопходен за работа на здравствените работници и со тоа да се намали бројот на заразени од коронавирусот во здравствените установи.

Доколку владата не реагира брзо на барањата, ќе се соочиме со нови заразени во здравствените установи со што ќе се намалат капацитетите на здравствениот систем.

Во овие моменти е најважно здравјето на граѓаните, а тоа зависи од здравјето и безбедноста на здравствените работници.

 

Треба да знаете
Последни објави