Бројот на пациенти кои се на интензивна нега во Франција поради вирусот Ковид-19 последните две недели секојдневно се намалува, јави дописникот на МИА од Париз.
Според информациите од Генералната дирекција за здравство, во изминатите 24 часа починале 544 лица, со што бројот на жртвите од Ковид-19 достигна 21.340 лица.
Во моментов на интензивна нега се наоѓаат 5.218 пациенти, од вкупно 29.541 кои се на болничко лекување.
Од почетокот на епидемијата, 40.657 лица кои биле на болничко лекување поради коронавирусот се излекувани и пуштени дома.