Гебрејесус: Овој вирус уште долго ќе биде со нас

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека епидемијата на коронавирусот, иако во Западна Европа е „навидум стабилна или опаѓа”, сепак има загрижувачки нагорни трендови во Африка, Централна и Јужна Америка и Источна Европа, јави БИ-Би-Си.

– Не грешете, пред нас е долг пат. Овој вирус уште долго ќе биде со нас, рече Гребрејесус.

Тој додаде дека е разбирливо што луѓето се фрустрирани поради тоа што мора да останат во своите домови, но и дека светот не може да се врати на она што беше пред пандемијата.

– Новиот свет мора да биде поздрав, побезбеден и подобро подготвен, истакна Гебрејесус.

Треба да знаете
Последни објави