Затуроска: Макрадули со лицемерна порака за заштита на Планетата Земја а тој сам не може да се погрижи за заштита на еколошката средина

Јани Макрадули денес излегува со лицемерна порака по повод Денот на Планетата Земја и апелира за нејзина заштита, а тој самиот не може да се погрижи за заштита на еколошката средина во сопственото парче земја, својата држава, дел од планетата! Какво лицемерие!

Би рекла една слика илјада зборови: уништена животна средина на реката Сатеска помеѓу селата Драслајца и Мороишта во Струга.

Секојаслика е порака од која треба некој да извлече поука и да преземе акција.Но, за жал Елитната Власт на СДСМ не ја интересира ниту слика ниту збор, апораката испратена од неа апсолутно не јадопира.

Гледајќи ги сликите, а и реалната ситуација околу нас, јас би рекла една слика значи разобличување на една неспособна Власт (било централна или локална).

Една ваква слика на која можеме да забележиме уништена животна средина, загрозување на био-балансот во природата, дерогирање на природната средина е повеќе од аларм за некабожната власт да преземе било што во заштита на животната средина и секако здравјето на граѓаните.

Ништо неможе да ја помрдне или да ја заинтригира оваа неспособна Влада, која за време на овие три години владеењене успеа да направи ништо за заштита на животната средина.

Кога за време на дебатите организирани во Собранието на РМ или на јавните расправи преку Комисијата за Транспорт, Врски и Екологијаќе се начнеше тема за заштита на животната средина, СДС ја избегнувашe оваа тема со изговор дека приоритет треба да се даде на датумот за преговори за членството во ЕУ, преговорите за името, презимето, идентитетот, итн.

Немие јасно зошто воопшто ги зголемија министерствата од ветените осумнаесет(18) на дваесет и осум(28!) кога ниедно неработи она за што е надлежно туку сите се вадат со ситуации дека има поприоритетни работи, поактуелнина кои се посветени, а кои за жал не се во нивна надлежност.

Ако го прашате сега Министерството за Животна средина со што се занимава во моментот, ќе добиете одговор на англиски јазикдека се ангажирани во борбата со коронавирусот и дека  претходно биле ангажирани во делот на надворешната политика околу промената на името, а утре Министерството за Животна срединаќе биде ангажирано во делот на санирањето на државата од последиците од короната, односно во делот на колабираната економија и така се по нешто, но никако да се зафати министерството да се занимава со работи за кои е надлежно.

И затоа сликите ќе бидат со вакви содржини и ќе говорат за неспособната власт да се справи со било кој предизвик.Граѓаните ги испраќаат, но тоа недопира до власта бидејќи таа е оперирана од било какво чувство.

Се надевам дека колегата Јани Макрадули (кој патем е заменик-министер во ова министерство) ќе си ја продолжи својата улога на преведувач на министерот кој не знае да изговори ниту еден македонски збор, а не па да се грижи за здравјето на македонските граѓани и нашата животна средина.

Во нашиот речник има еден збор кој ја карактеризира алчноста кај човекот: СРЕБРОЉУБЦИ=Елитната Влада предводена од СДС.

Дали конечно СДС нешто ќе сработи во овие три и пол години мандат?

Треба да знаете
Последни објави