Извештајот од вонредниот инспекциски надзор во Куманово најдоцна за два дена

За ден – два се очекува да биде готов извештајот од вонредниот иснпекциски надзор во Куманово од страна на Државниот санитарен и здрваствен инспекторат кој треба да утврди дали има одговорност за тоа што по посетата на Општинскот кризен штаб на овој град во изолација се премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министрите Венко Филипче и Арбр Адеми.

-Веќе информиравме преку Влада и пореку Министерството за здравство дека ДСЗИ излезе на терен, имаше повеќе аспекти кои мора да бидат утврдени и што се поврзани и со секојдневното работење во услови на оваа криза. Секакко дека и други надлежни органи работат во однос на целиот овој сличај. Јас очекувам дека за ден – два ќе го имаме целосно извештајот што ќе ги утврди сите аргумнети и факти во однос на настанот и на основа на тоа треба да постапуваат и сите други надлежни органи, рече премиерот Оливер Спасовски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Премиерот Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми беа ставени во домашна изолација минатата недела еден ден по посетата на Општинскиот кризен штан на Куманово и објавувањето на информацијата од страна на градоначалникот на Куманово и раководител на општинскиот штаб Максим Димитриевски дека е позитивен на Ковид-19.

Запрашан дали ќе се тестира на коронавирус, премиерот Спасовски изјави дека тоа секако ќе го направи, но тогаш кога кога за тоа ќе укажат надлежните служби.

– Јас очекувам дека тоа ќе се случи деновиве. Сакам да кажам дека имам исклучително верба во сите лекари и стручни луѓе кои се вклучени во првата линија на борба против Ковид-19 и сите препораки што тие ги даваат мора да ги почитуваме. Јас сум во самоизолација и тоа покажува висок степен на одгоорност и кон самиот себе си и кон моите соработници, кон моето семејство. Ќе го направиме тестирањето кое што ќе ги потврди или отфрли сомневањата на лекарите, рече Спасовски,

Треба да знаете
Последни објави