Лукашенко продолжува да работи и покрај тоа што негов соиграч е заразен со Ковид-19

Соиграч на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во аматерската екипа за хокеј на мраз е заразен со новиот коронавирус, соопшти кабинетот на Лукашенко.

– Но, покрај тоа Лукашенко нема да биде во самоизолација и продолжува да работи како досега, изјави неговата портпаролка Наталија Аисмонт.

И покрај  пандемијата со Ковид-19, Лукашенко играше хокеј на мраз пред публика, а и не воведе остри карантински мерки со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Во Белорусија 6.723 луѓе се заразаени со Ковид-19, а 55 починааа.

Треба да знаете
Последни објави