Албанскиот претседателот Илир Мета изјави дека ги поддржува измените во Кривичниот законик во врска со пандемијата, но додаде дека пред спроведување на веќе донесените санкции, треба да се преземе широка информативна кампања.
-Треба да се спроведе широка информативна кампања, во која ќе бидат вклучени и новите кривични норми, да се известат дијагностицираните и нивните роднини. Треба да биде документирано зголемувањето на бројот на тестови. Тоа треба да биде целта на министертвото за здравтсво и социјална заштита. Треба да биде неопходна соработката помеѓу институциите, рече Мета на прес-конференцијата од
претседателската резиденција.
Додаде дека овие упатства треба да му претходат на стапувањето во сила на овој кривичен законик,со кој се предвидуваат високи затворски казни.
-Санкциите треба да се применуваат дури откако ќе се примени административната санкција. Да се применува само за дејствија сторени со умисла и од лица дијагностицирани како носители на пандемија, за лица претходно предупредени
дека треба да ги почитуваат прописите и кои се носители на пандемија на Ковид-19, додаде Мета.
По предлог на Владата на 16 април Парламентот изгласа измени и дополнувања на кривичниот законик со кои оној кој ќе го прекрши карантинот и самоизолацијата поради Ковид-19 и ќе зарази некој друг ќе добие затворска казна до осум години.
Според новиот закон,секој заразен со коронавирус кој ќе ја прекрши самоизолацијата или карантинот и ќе зарази други, намерно или не, ќе добие од две до осум години затвор доколку неговиот потег предизвика тешка штета,особено смрт.
На седницата на Парламентот, барајќи да се изгласаат измените на законот, премиерот Еди Рама,прекршителите на карантинот ги опиша како некој што носи бомба