Независна истрага за дејствијата на премиерот Борис Џонсон во врска со кризата околу коронавирусот мора да биде спроведена во Велика Британија, бара опозициската Либералнодемократска партија.
– Штом излеземе од кризата, секако мора да има независна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата, за да можеме да извлечеме поуки од тоа, рече Ед Дејви, вршител на должноста лидер на партијата.
– Истрагата треба да добие максимални можни ингеренции, со оглед на шокантните неуспеси во обезбедувањето на заштитни средства и бавната реакција на Владата”, истакна Дејви.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер исто така рече дека Владата реагирала бавно на кризата и во одреден момент земјата ќе мора да го разгледа ова прашање.