Пакистан: Лекари повикуваат властите да ги затворат џамиите за да се намали заканата од коронавирусот

Лекарите од медицинското здружение на Пакистан напишаа писмо во кое се бара од муслиманските духовни лидери и премиерот на Пакистан да ја преиспитаат својата одлука да ги остават џамиите отворени во текот на месецот на постот Рамазан. Тие предупредија дека ова може да доведе до експлозија на случаи  со Ковид-19 и додадоа дека нивниот сегашен број веќе се зголемува со брзо темпо низ целиот Пакистан.

Големиот број луѓе ќе го влоши само бројот на заразени лица и ќе го преоптовари здравствениот систем, кој има помалку од 3.000 легла за итни случаи кај население од 220 милиони, нагласи д-р Кајзер Саџад, генерален секретар на здружението и еден од авторите на писмото.

Бројот на заразени лица во моментот расте по околу 500 на ден, додаде тој и големиот број луѓе во џамии за време на Рамазан сигурно ќе ги преоптоварува со работа лекарите и вработените во итната медицинска помош, предупредува тој во писмото.

Пакистанските власти вчера соопштија најголемо зголемување на заразените од ден на ден, со над 700 нови случаи. Денеска се регистрирани уште 533, со што вкупниот број на позитивни случаи е на 9749. Починати од Ковид-19 се вкупно 209 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави