Папата Франциско одржа молитва за ЕУ да остане обединета

Папата Франциско ја повика Европа да остане обединета во надминување на последиците од пандемијата на коронавирусот.

„Во овие времиња кога ни треба толку многу единство меѓу нас, меѓу народите, да се помолиме денес за Европа“, рече Франциско на почетокот на утринската миса, на која тој секој ден посветува различна тема во врска со глобалната криза.

Пред самитот на ЕУ за пакетот економска помош, папата Франциско ја повика Европа да го одржи единството за кое сонуваа основачите на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

Ова е вторпат во 10 дена папата Франциско да изрази загриженост за Унијата,  бидејќи на Велигден предупреди дека ЕУ ризикува да пропадне доколку не се договори за заедничко закрепнување.

Треба да знаете
Последни објави