Шејн Линч го напушти семејниот дом, не можел да издржи во изолација

Шејн Линч не издржа под притисокот во карантин.

Пејачот на ирскиот состав „Бојзон“ (Boyzone) и сопругата се разделија откако беа принудени да поминат повеќе време заедно во текот на самоизолација поради пандемијата на коронавирус, објави ирскиот весник “Ајриш егзаминер“.

Линч (43) открил дека тој и сопругата Шина Вајт со која е во брак 13 години „си здосадиле еден на друг“ додека биле затворени дома,

Потврдувајќи дека се иселил од семејниот дом поради бројни расправии со Шина , тој рече: „Имавме проблеми и токму сега минуваме низ тешки времиња во текот на оваа изолација.“

Шејн – кој има две ќерки Били (11) и Марли (7) со Шина – рече дека тие двајцата сметаат дека е тешко да се ограничат внатре за време на глобалната здравствена криза, бидејќи биле навикнати тој да е постојано на турнеја.

„Обично сум на турнеја и прв пат поминав три месеци во мојата куќа,“ додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави