(Видео) Андреа Бочели пееше во дует со синот Матео

Легендарниот тенор Андреа Бочели и неговиот син, Матео, виртуелно гостуваа во емисијата на Џејмс Кордон, и во таа пригода заедно ја изведоа песната „Fall On Me“.

Бочели вели дека со својот син ја споделува љубовта кон изразување преку музика, а нивниот нов дует зборува за врската меѓу родител и дете.

Бочели напиша на „Јутјуб“: „Секој што е родител, секој што ја знае оваа скапоцена одговорност кога сте мајка или татко, целосно ќе го разбере значењето на ова дело.„Fall On Me“ прв пат ја пеам со син ми Матео Бочели“.

Андреа Бочели одржа концерт во празната катедрала Дуомо ди Милано за Велигден, а неговиот настап стана најголем настан на класична музика кој се пренесуваше во живо. Вкупно 35 милиони луѓе го гледаа 30-минутниот концерт.

Треба да знаете
Последни објави