(Видео) Димитриевски во солзи: Страшни игри се играат во тешки моменти, но времето ќе покаже кој лаже

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на коронавирусот, во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител со солзи во очите сведочеше за последиците од вирусот во градот.

Зборувајќи дека дел од оние со кои контактирал се веќе починати, градоначалникот го совладаа и емоциите.

-Кога сте во ваква ситуација човек заклучува дека единствената сигурна работа во животот на која што може да се потпре е семејството. Нормално е да се има емотивна реакција кај сите и да се чувствува несигурност, бидејќи се соочуваме со една непозната болест која што зема некои од луѓето кои претходно ги контактирав и искрено жалам за тоа, рече Димитриевски.

Тој рече и дека страшни игри се играат во тешки моменти, но ќе остави времето да покаже кој лаже.

Треба да знаете
Последни објави