(Видео) Жељко Јоксимовиќ со велигденски концерт на својот роденден сред празниот Белград

Вчера, на неговиот роденден, Жељко Јоксимовиќ во живо одржа прекрасен велигденски концерт за да ги развесели своите сограѓани и да им упати благодараност на медицинските лица кои се борат со коронавирусот.

Пред зградата на Собранието во Белград, 48-годишниот пејач изведуваше бројни свои музички хитови.

„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова пред настап, но денес, мојата основна порака е – благодарам на сите кои нема да бидат на мојот концерт. Знам дека звучи чудно, но да се биде сам денес е најголем придонес што секој од нас може да го даде за нашата заедница“ – вели Јоксимовиќ.

Погледнете го целосниот концерт:

Преземено од femina.mк

Треба да знаете
Последни објави