Во Италија намален дневниот број на смртни случаи, ќе следи постепено олеснување на ограничувањата

Во Италија во изминатото деноноќие починаа 437 лица, што е значително намалување во однос на вчерашниот ден кога смртниот дневен биланс изнесуваше 534 лица.

Со тоа, вкупниот број на смртни случаи од кронавирус се зголеми на 25.085.

Во последните 24 часа, регистрирани се 3.370 нови случаи, а досега во земјата заразени се 187.327 лица.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, оваа недела ќе ја претстави програмата за заздравување на италијанската економија.

Се очекува во текот на следните денови, Конте да ги претстави мерките за ублажување на ограничувањата со цел покренување на економијата и постепен излез од кризата со коронавирусот.

„Со задоволство би рекол дека ќе отвориме сè. Веднаш. Да почнеме уште утре, но таквата одлука би била неодговорна. Кривата на заразените ќе се зголеми неконтролирано и ќе ги уништи сите напори што досега презедовме“, напиша Конте на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави