Легендарната актерка, која дури и на 82-годишна возраст изгледа привлечно, не го изгуби духот во изолација. Незапирливата Џејн Фонда, која минатата година беше уапсена поради протестите против климатските промени во Вашингтон, има одлична фигура, а нејзината тајна е во редовното вежбање и здравата исхрана.
Како изгледа нејзината утринска рутина за време на изолацијата таа покажа во симпатичното видео што го објави на TikTok, придружено со звуците на легендарниот хит на Доли Партон „9 Tо 5“.
Откако ќе стане од кревет, таа започнува со силни склекови покрај ѕидот за да го истегне целото тело. „Порано ги правев овие склекови во затвор“, коментира Џејн во свој стил во видеото, а потоа во црвен капут, активистката преку компјутер комуницира со своите колеги од кампањата „Fire Drill Friday“.
А на крај од сето тоа, Џејн ужива да се напие чаша мартини!