Ричард Гир стана татко на 70 години. Ова е негов втор син со сопругата Алехандра Силва.
Таа бебето го родила во тајност, а никој и не знаел дека е бремена, пишуваат медиумите. Тие живеат на нивниот ранч во Понд Риџ, во близина на Њујорк.
Двојката веќе го има синот Александар, кој се роди во февруари 2018 година.
Тие се венчаа во април 2018 година, на ранчот на Гир. Двајцата веќе имаат деца од претходните бракови. Гир го има 20-годишниот син Хомер од бракот со Кери Ловел, а Алехандра е мајка на 7- годишниот Алберт, кој го роди во бракот со бизнисменот Говинд Фридленд.