Чешка под клуч уште една година, Земан не планира да ги отвори границите

Сегашните ограничувања на границите треба да траат една година, за да не се случи нов бран на зараза, рече чешкиот претседател Милош Земан, пренесува Хина повикувајќи се на тамошните медиуми.

Реакцијата на Земан се случи откако здружението на чешките тур-оператори покрена иницијатива за воспоставување „воздушен коридор“ што ќе им овозможи на Чесите да летуваат во Хрватска и Словачка, со специјална потврда дека не се заразени со коронавирус.

Земан ги повика сите Чеси повеќе да ја ценат убавината на својата татковина и рече дека и тој ќе го помине ова лето во регионот Височина.

Треба да знаете
Последни објави