Чулев потврди дека имало инцидентот со неговиот советник, кој и натаму не е санкциониран

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, по скоро еден месец од инцидентот кој го предизвика неговиот советник Зоран Ѓорѓиевски во Тетово за време на полициски час го потврди настанот, објави „А1он“ кој првично информираше за случајот.

Чулев во телевизиско интервју на Телма кажа дека за инцидентот е известен и Одделот за внатрешна контрола, иако претходно, од неговиот кабинет за „А1он“ тврдеа дека не е евидентиран таков настан, ниту пак е доставена белешка до министерот.

Сега, Чулев тврди дека се постапува, но не и дека е утврдено прекршување направено од неговиот советник, ниту пак, дека му е  изречена санкција.

Во изминатиот период од еден месец, редакцијата на „А1он“ трипати бараше одговор од Кабинетот на министерот Чулев за тоа што пишува во службената белешка која полициски службеник од БПС Тетово ја напишал, откако Ѓорѓиевски дерејќи му се заканувал дека ќе трпи последици
затоа што го сопрел со возилото за време на полицискиот час, но оттаму молчеа.

Но покрај тоа, министерот Чулев кој во телевизиското интервју тврдеше дека неговиот советник вршел контрола врз полицијата, не објасни дали според систематизацијата и Законот за внатрешни работи, Ѓорѓиевски смеел да извршува такви задачи и кој ја дал таквата наредба.

 

Треба да знаете
Последни објави