Спикерот Талат Џафери за ТВ21 вели дека досега нема добиено никаква иницијатива за свикување на Собранието, а доколку добие ќе ја разгледа па ќе донесе одлука.
Џафери не ги коментира засега ставовите н СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за повтпрно свикување на Собранието.
Како што веќе објави ТВ21 СДСМ би поддржала иницијатива доколку има, а ВМРО-ДПМНЕ сè уште анализира.
Претседателот на Собранието може да свика седница по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници, стои во Уставот на државата.
Македонија веќе втор месец се наоѓа во вонредна состојба која пак ја прогласи Претседателот Стево Пендаровски откако доби известување од спикерот Џафери дека нема услови за свикување на парламентот.