Една третина од домаќинствата во Велика Британија проценуваат дека најверојатно ќе им треба помош од Владата за надминување на пандемијата на коронавирусот, покажува истражувањето, во кое има нагласен песимизам кога станува збор за безбедноста на работните места.
Точно 33 проценти од испитаниците велат дека на нивното домаќинство најверојатно ќе им треба владин финансиска помош во наредните три месеци, наведува фирмата Кантар.
Истражувањето покажа и зголемен песимизам кога станува збор за безбедноста на работното место и на економијата.
Дури 44 проценти од вработените веруваат дека нивното работно место сега е помалку сигурно отколку што било пред една година, што е најголем удел од август 2011 година.
Довербата во економијата на Велика Британија исто така се намали од воведувањето на мерките за пандемија во март – 65 проценти од испитаниците рекле дека сега е во полоша форма отколку пред една година.