– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во болниците во Англија денеска се зголеми за 665 на вкупно 16.272 жртви, соопштија здравствените власти.
Ова е помалку од вчера кога тој број изнесуваше 778. Починатите се на возраст од 26 до 102 години.
Од починатите, 26 немале други заболувања, соопшти Националната здравствена служба на Англија.