Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, во петокот изминатата седмица и денеска подели вкупно 80 хуманитарни пакети со основни намирници. Барања за хуманитарните пакети граѓаните во изминатиот период ги поднесуваа до Кризниот Штаб за заштита и спасување на Општина Бутел.
Општина Бутел во изминатиов период подели над 500 пакети со храна кои беа наменети за социјално загрозени семејства. Пакетите беа испорачани до поголем број верски објекти, здруженија и невладини организации. Акцијата за делење на храна за овааа ранлива категорија ќе продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.