Да задржиме ниски сметки за енергија во домовите за време на пандемија на коронавирус

Душан Стојковиќ е еден од милионите граѓани низ Западен Балкан кој поминува повеќе време дома како резултат од пандемијата на коронавирус.

Неговиот живот значително се промени, како и за многу други луѓе. Во овој нестабилен пролетен период, наместо да го исклучи греењето кога неговото семејство оди на работа и училиште, греењето е сега вклучено во постудени денови кога температурите се спуштаат близу до нулата. Одржувањето на греењето овозможува семејството да остане во топол и комфорен дом додека работат од дома, готват, играат, гледаат телевизија и ги завршуваат домашните задачи со децата.

Пред неколку години, да се биде во големата куќа на г-динот Стојковиќ и неговото семејство не беше секогаш пријатно. Кога температурите надвор се спуштаа, неговиот дом брзо стануваше ладен и сметките за електрична енергија се зголемуваа. Куќата имаше провев од лошата изолација, а семејството беше загрижено за нивното здравје.

Затоа, во 2017г. г-динот Стојковиќ реши да ја подобри енергетската ефикасност на неговиот дом. Тој обезбеди кредит во рамките на Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на ЕБОР. GEFF Програмата работи со локалните банки и позајмува средства на домаќинствата за инвестиции во енергетска ефикасност и решенија за обновлива енергија во нивните домови.

Иако првичниот финансиски трошок може да биде голем, таквата инвестиција во домот може значително да ја намали употребата на енергија и долгорочните придружни трошоци. За да им помогне на домаќинствата да инвестираат во зелени решенија, GEFF обезбедува техничка поддршка и грантови поддржани од Европската Унија (ЕУ), Австриското Сојузно Министерство за Финансии и земјите кои се дел од програмата соработуваат под  Инвестиционата Рамка на Западен Балкан (WBIF).

Зелените технологии заштедуваат енергија и ги намалуваат сметките

Г-дин Стојковиќ ги замени старите прозори со нови ефикасни ПВЦ прозори за да се задржи поголема топлина во домот. Тој исто така го изолираше својот дом за да биде топло во текот на зимата и ладно во текот на летото.

Повеќе од 3.700 домаќинства низ Западен Балкан донесоа слични долгогодишни решенија да инвестираат во зелена технологија во рамките на GEFF. Некои го заменија традиционалното осветлување со LED светилки кои траат подолго и трошат дури 80% помалку енергија. Други инсталираа топлински пумпи и соларни системи за да избегнат користење на загадувачките форми на електрична енергија.

„За време на пандемијата на коронавирус, поминуваме повеќе време дома. Инсталирањето на енергетско ефикасни технологии го направи домот поудобен и полесен за одржување. Не треба повеќе да се грижиме за потрошувачката на енергија и сметките “, коментира г-дин Стојковиќ.

Влијанието врз сметките за енергија може да биде значително. Како што објасни друг клиент, Тома Јанакиевски од Северна Македонија: „Јас сум многу среќен со мојата нова топлинска пумпа. Температурата во куќата е константна, додека вкупната сметка за енергија е намалена за 50%. “

Декарбонизација и придобивки за животната средина

Работејќи низ Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, GEFF ја поддржува декарбонизацијата на земјите каде што употребата на енергија е околу 2,5 пати поголема од просекот за земјите на ОЕЦД во Европа, а постигнувањето на енергетска ефикасност останува клучен предизвик.

Заедно со ЕУ, Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБРД обезбедува поддршка на политиките во Западен Балкан, работејќи со владите за усогласување на законите и регулативите на земјите за енергетска ефикасност во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP). GEFF се спроведува под REEP, што исто така има придобивки од партнерство со Енергетската заедница.

Домаќинствата во Западен Балкан претставуваат околу 60-70% од потрошувачката на енергија во зградите и спроведувањето на енергетска ефикасност во станбени згради е клучно за постигнување на заштеда на енергија.

Клиенти за GEFF во Западен Балкан инвестираа околу 19,6 милиони евра во зелени решенија во домовите, дел од она што е достапно во рамките на GEFF Програмата во Западен Балкан од 85 милиони евра. Веќе секоја година овие инвестиции придонесуваат за заштеда на над 16,3 милиони kWh енергија и над 5.800 тони емисии на CO2. Тоа е еднакво на повеќе од 3.600 автомобили да бидат отстранувани од сообраќај.

 

Треба да знаете
Последни објави