Мнучин: Најголем дел од економијата на САД повторно ќе биде отворена кон крајот на летото

– Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин предвидува дека најголем дел, а можеби и целата американска економија повторно ќе функционира кон крајот на летото.

– Со нетрпение очекуваме, кон крајот на летото, најголем дел од економијата, ако не и целата економија, повторно да биде отворена, изјави Мнучин за „Фокс бизнис нетворк”.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека се надева оти економијата ќе биде повторно отворена за Велигден, пред рестартирање на нејзиниот рок  за 1 мај, иако некои американски држави ги продолжија мерките за ограничено движење.

Здравствените експерти велат дека некое ниво на социјално дистанцирање веројатно ќе биде потребно во иднина, додека не се направи вакцина против коронавирусот, што може да трае една година или повеќе.

Треба да знаете
Последни објави