Пиеле, па се степале, по што телото на едниот соселенец е најдено во бунарот во дворот

Јоцо Мариќ (39 г.) од Чента кај Зрењанин ќе помине 30 дена во притвор поради сомнение дека на 16 април во доцните вечерни часови го убил својот познаник и сосед Саво Петров.

Што точно се случувало таа вечер во дворт на 42-годишниот Петров кај кого често седеле и конзумирале алкохол не е познато. Но, се претпоставува дека по испиено поголемо количество  алкохол двајцата се скарале и физички се пресметале. Ден потоа полицијата од Зрењанин во бунарот кој се наоѓал во дворот на Петров го пронашла неговото безживотно тело.

Соселаните од ова бантско село со неверување се обидуваат да разоткрија нешто повеќе за овој грозоморен чин кој се одиграл во нивното соседство.

-Јоцо е многу посилен и незнам од каде му била идеата на Саво да се пресметува со него. Но, очигледно алкохолот си го направил своето. Честопати двајцата седеа во неговиот двор и пиеа заедно. Што е причината за кавгата и физичката пресметка никој незнае – велат мештаните.

Вистинската причина поради која Мариќ го претепла Петров треба да утврди истаргата. Во оваа истрага треба да се утврди и тоа дали тој го фрлил телото во бунарот како и тоа дали Саво бил мртов пред да заврши во својот бунар.

 

Треба да знаете
Последни објави