Во три предградија на Париз синоќа повторно избија судири помеѓу групи млади лица и полицијата.
Судири се регистрирани во предградијата Вилнев ла Грен, Нантер и Клиши.
На социјалните мрежи објавени се фотографии на кои се гледа како група млади лица фрлаат петарди и други пиротехнички средства врз полицајците и запалија неколку автомобили.
Судирите почнаа за време на викендот кога мотоциклист беше повреден при судар со необележано полициско возило.