Со цел зголемување на безбедноста на учениците пред воспитно – образовните установи, Општина Карпош постави два нови „лежечки полицајци“, на улицата „Дрезденска“ пред основното училиште „Војдан Чернодрински“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“ (Млечен).
На овој потег, неодамна се промени и сообраќајниот режим, при што доминантни се еднонасочните улици, чија цел е намалување на метежот и брзината на движење на учесниците во сообраќајот. Се поставија нови 300 собраќајни знаци, како и хоризонтална сигнализација.
Локалната самоуправа во изминатиот период постави „лежечки полицајци“ пред повеќе основни училишта и градинки. Следува ваков тип на сигнализација и пред ООУ „Петар Поп Арсов“, во Карпош 4.