Вториот бран на Ковид-19 во САД се очекува следната зима и би можел да биде посилен од првиот, бидејќи најверојатно ќе се појави на почетокот на сезоната на вируси, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд.
Редфилд во интервју за „Вашингтон пост” истакна дека САД најверојатно истовремено ќе има и епидемија на грип и на новиот коронавирус и таа комбинација би можела да биде поголемо оптоварување за националниот здравствен систем од првиот бран.
Редфилд додаде дека Центарот за контрола и превенција на болести планира да обучува волонтери од пријавените лица во американското Биро за попис и членовите на Мировниот корпус, за да се создаде нова работна сила во борба со новиот коронавирус.