– Американски здравствените власти изјавија дека две лица починале од коронавирусот во Калифорнија, неколку недели пред официјално да се објави првиот смртен случај од оваа болест во САД.
Властите во округот Санта Клара, во близина на Сан Франциско, информираа дека две лица починале од вирусот во својот дом од 6-17 февруари, пренесува „Гардијан”.
Првата официјално пријавена смрт од Ковид-19 беше значително подоцна – на 29 февруари во Киркланд, Вашингтон.