САД ја тужат Кина поради пандемијата на коронавирус

Државниот обвинител на американската сојузна држава Мисури, Ерик Шмит му предаде на Окружниот суд обвинение против Кина, за која велат дека е виновна за пандемијата на коронавирус, а се бара и надомест за штетата поради енормниот број на жртви, маката на луѓето и економската загуба, пренесува „Фокс њуз“.

„Кинеската влада свесно го лажеше светот за опасноста и начинот на ширење на заразата на Ковид-19, ги замолчуваше оние што предупредуваа и ништо не направи да го спречи ширењето на епидемијата, поради што мора да одговара пред судот“ се наведува во обвинението.

Ова обвинение во Мисури следи откако седим приватни групи ја тужеа Кина пред федералните судови, а во една од нив, која била поднесена на Флорида, се наведува дека Кина знаела дека Ковид-19 е опасен вирус и дека може да предизвика пандемија, но сепак реагирала многу благо и ги прикрила податоците поради својот економски интерес.

Во понеделникот 22 члена на Конгресот од Републиканската партија побараа од владата на Кина да и` суди Меѓународниот суд на правдата, поради тоа што не одговорила на соодветен начин на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави