Спасовски: Добро е да функционира Парламентот, пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници

Премиерот Оливер Спасовски ја поддржа иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието со цел да одржи седница за да ги потврди одлуките на претседателот на државата за воведување вонредна состојба поради Ковид-19.

Спасовски во „Утрински брифинг” го повтори ставот дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието

-Јас го кажав мојот став и неколку пати досега. Сметам дека и се уште сметам дека Собранието може да се состане заради тоа и според Изборниот законик и според Законот за Собранието пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници. Ние како техничка Влада посакувавме да имаме Законодавен дом којшто ќе функционира. Ние се наоѓавме во состојба на распишани избори, немаме Парламент, ни се случи здравствената криза. Едноставно сметавме дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави