Пратеничката во Европскиот парламент Тања Фајон без разлика на непредвидливиот епилог од кризата со панедмијата од коронавирусот порача дека Европската унија останува на својот став да биде целосно отворена за земјите од регионот на Западен Балкан. Во интервју за црногорските медиуми Фајон истакнува дека богатите европски земји мораат да покажата солидарност и да им помагаат на сиромашните, како и тоа дека иновативните европски договори и новите ресурси треба да одиграат занчајна улога во битката со последиците од пандемијата.
Фајон смета дека оваа криза ќе остави многу негативни последици во секоја од земјите во регионот на Западен Балкан како и во ЕУ, па и во целиот свет.
-Сите мораме да бидеме свесни дека со почитувањето на правилата помагаме во спасувањето на човечки животи – сопствените и туѓите. Прифаќањето на регионот во ЕУ останува наш клучен приоритет. Нема сомнеж во тоа, а не сега кога Северна Македонија и Албанија добија зелено светло од Советот за почеток на пристапните преговри – вели Фајон.