Филипче: Нема информации за заболени од МПЦ или ИВЗ

Немам информации дека некој од Македонската православна црква или од  Исламската верска заедница е заболен од Ковид-19, изјави на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Прашан дали има некој заболен од МПЦ или ИВЗ, министерот рече дека засега нема таква информација.

– Имаше информации за манастирот Бигорски, меѓутоа уште во времето кога се воведе кризната состојба во Дебар, тогаш веќе имаа неколку луѓе кои имаа горнореспираторни симптоми од манастирот, пративме екипа, се направи тестирање на тие на кои беше индицирано и и кај никого не беше дијагностициран ковид вирусот. Од тогаш конкретна информација за некој од овие институции, јас лично немам, рече Филипче, одговорајќи на новинарски прашање.

Треба да знаете
Последни објави