Бројот на починати од Ковид-19 во Британија се зголеми на 18.738

Бројот на починати во болниците во Велика Британија во изминатите 24 часа се зголеми за 616 на вкупно 18.738, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

До 9 часот денеска, спроведени се 583.496 тестови, а вчера се извршени 23.560 тестирања, информира Министерството.

Починатите биле на возраст од 31 до 100 години, а 16 од пациенти на возраст од 37 до 92 години немале други заболувања.

Вкупниот број на заразени во Велика Британија изнесува 138.078 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави